Достапни линкови

Вучиќ до Србите во Косово: Останете на своите огништа


Српскиот претседател Александар Вучиќ во посета на манастирот Бањска во Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им порача на Србите на Косово дека мораат да останат и да опстанат на своите огништа, со понатамошна и поголема помош од државата, а на Албанците им порача дека, без оглед на различните интереси, Србија сака и ќе направи сè да го зачува мирот и да ги реши несогласувањата. Тој додаде дека е дојден за да разговара за безбедноста на Србите и да види кои органи ја гарантираат истата.

Вучиќ ја почна посетата на Косово во манастирот Бањска, каде и покрај снежното невреме, го дочекаа голем број граѓани и свештеници од манастирот.

Освен тоа Вучиќ откри дека Белград и Приштина ќе разменат информации за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ што беше причина за неговата посета на Косово.

XS
SM
MD
LG