Достапни линкови

Ципрас - Постои „прозорец на можности“ за решавање на спорот за името


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Постои „прозорец на можности“ за решавање на спорот за името, истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа во обраќање пред членови на владејачката партија Сириза. Повтори дека неговата влада има јасна позиција во преговорите – сложено име за севкупна употреба и ја обвини опозицијата за поттикнување национализам и изолационализам, пренесува МИА.

„Владата ќе продолжи да работи на постигнување најдобар можен договор. Грчката позиција е јасна и одговорна. Бараме решение кое ќе биде заемно прифатливо, сложено име за севкупна употреба, кое нема да остава простор за иредентизам и неразумни тврдења“, рече Ципрас.

Нагласи дека е позитивно што и во Скопје има влада која изгледа решена да преземе чекори за изнаоѓање решение, кои, како што наведе, треба да ги покаже во пракса.

XS
SM
MD
LG