Достапни линкови

Ципрас за „Етнос“: Македонска нација не постоела никогаш


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Македонска нација не постоела никогаш, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас за неделното издание на весникот „Етнос“, според порталот Њуз 247, пренесува МИА. Ципрас, во интервјуто што ќе биде објавено утре, како што објавува порталот во најавата, говори детално за прашањето за името, ги отвора картите за спорот меѓу двете земји, опишува какво име би прифатила грчката влада и вели дека особено важно прашање е иредентизмот.

Во однос на неговиот коалициски партнер во владата и неговата дијаметрално различна позиција, Ципрас, според Њуз 247, вели дека „Каменос нема да стане Самарас“, со што индиректно порачува дека лидерот на Независни Грци нема да создаде проблеми во грчката влада.

Информативниот портал Њуз 247, што објавува делови од утрешното интервју на Алексис Ципрас, јавува дописникот на МИА од Атина, е дел од истата медиумска групација со „Етнос“.

XS
SM
MD
LG