Достапни линкови

Одбележан празникот Богојавление-Водици


Манифестацијата Водици на реката Вардар во Скопје,19.01.2018

Православните верници во повеќе градови и населени места денеска го одбележаа христијанскиот празник Богојавление-Водици. Во Скопје, каде што крстот се положуваше во реката Вардар, до него прв успеа да дојде Даниел Дончевски од Ченто. Во Охрид, каде што вообичаено е најголемата прослава за овој празник, крстот го фати 27-годишниот Иван Лотески.

Празникот го честитаа и политичарите. Премиерот Зоран Заев беше во Струга, претседателот Ѓорге Иванов со дипломатскиот кор во Дојран, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на партијата и поранешен градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски присуствуваа на одбележувањето на празникот во Скопје.


XS
SM
MD
LG