Достапни линкови

Заев: Законот за јазици е во рамките на Уставот


Архивска фотографија-Зоран Заев, премиер на Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со ветото на претседателот Ѓорге Иванов на Законот за употреба на јазиците, рече дека се што е донесено во рамките на законот е согласно амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.

„Се надевам дека ако нешто не е буквално во согласност со Уставот, постои Уставен суд, Венецијанската комисија ќе го каже своето мислење, но и да внимаваме сите со пораките, поради тоа што навистина треба и ова политичко прашање конечно да спласне, да се посветиме на подобар живот и подобри перспективи за сите граѓани“, рече премиерот.

Во средата претседателот Иванов реши да не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и го нарече противуставен.

Заев денеска беше во Струга на одбележувањето на верскиот празник Водици.

XS
SM
MD
LG