Достапни линкови

Узбекистан: двајца уапсени за поврзаност со милитантни групи


Илустрација: Узбекистанска полиција.

Узбекистанската полиција уапси две лица за наводно регрутирање на членови за странски милитантни групи. Државната телевизија денеска информираше дека двајцата осомничени преку Фејсбук биле во контакт со групата „Ал-Тахид вал-Џихад“ базирана во Сирија. ВО извештајот се наведува дека тие исто така добивале финансиска помош од милитантната група.

Имињата на осомничените не беа објавени, но државната телевизија наведе дека биле узбекистански државјани и жители на областите Олмазор и Јунусобод во Ташкент. Обвиненијата против осомничените вклучуваат припадност кон екстремистички групи и ширење материјал кој содржи закана за јавната безбедност. Узбекистанските медиуми известуваат дека полицијата исто така истражува 23 лица за кои се верува дека „паднале под влијание“ на двајцата осомничени.

Се проценува дека околу 1.500 луѓе од Узбекистан патувале во Ирак и Сирија да се приклучат на милитантни групи.

XS
SM
MD
LG