Достапни линкови

Трите последни години најтопли досега


Трите последни години се најтопли досега, а темпото на глобалното загревање констатирано во овој период е „исклучително“, предупредија Обединетите нации. „Потврдено е дека 2015, 2016 и 2017 година биле најтопли воопшто регистрирани досега и оти е јасно дека тоа е поврзано со долгорочното загревање предизвикано од порастот на ефектот на стаклена градина во атмосферата“, соопшти Светската метеоролошка организација. „Новите податоци покажуваат дека светот забрзано се загрева“, изјави Дејв Реј, професор на Универзитетот во Единбург. 17 од 18 најтопли години се во 21 век, а загревањето е посебно видливо на Арктикот што ќе има трајни последици на нивото на морињата и метеоролошките услови во други делови на светот.

XS
SM
MD
LG