Достапни линкови

Иванов: Да не се носат избрзани одлуки


Обраќање на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на кое стави вето на Законот за употреба на јазиците.

„Како претседател на Република Македонија, како и до сега, ќе продолжам да соработувам со Владата и ќе ги поддржувам суштинските европски реформи кои ќе произлезат од отворена и вистинска јавна дебата и околу кои ќе се постигне широк консензус“, порача претседателот Ѓорге Иванов, на синоќешниот прием за членовите на дипломатскиот кор, што се одржа во Гевгелија, по повод новогодишните и божиќните празници. Според Иванов, статус кво состојбата во интеграциите резултиралa со стагнација во реформите и ерозија на културата на политички дијалог во Македонија и, како што рече, оставени сами на себе, изгубивме многу години во политички кризи. „За да се надомести изгубеното време, сега со забрзано темпо се подготвуваат неопходните реформи. Но, поради недостаток на време и волја, се нудат фалични решенија за правосудниот систем и системот за национална безбедност. Во брзањето се носат и решенија кои се контрапродуктивни и кои наместо соживот носат поделби. Вчера донесов одлука да не го потпишам указот за прогласување на репресивниот и противуставен Закон за употреба на јазиците, изгласан без јавна расправа, без научна дебата, без вклученост на академската и експертската јавност и без опозицијата. Очекувам Владата наместо на квантитетот да се фокусира врз квалитетот на европските реформите. Одмаздата не е патот до помирувањето, рече претседателот Иванов.

XS
SM
MD
LG