Достапни линкови

Вучиќ и Тачи се договориле да продолжи дијалогот


Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи и Федерика Могерини од ЕУ.

Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се договориле да продолжи дијалогот Белград-Приштина, а истрагата за убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, да се спроведе со соработка на судско-полициските тела од двете земји, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

На редовниот брифинг со новинарите во Брисел, таа рече дека европската судско-полициска мисија во Косово, ЕУЛЕКС, „пружа поддршка“ во истрагата за убиството на Ивановиќ. Ивановиќ беше убиен завчера од непознат сторител пред просторите на неговата партија во Косовска Митровица, по што српската делегација во Брисел ги прекина преговорите во дијалогот со Приштина.

XS
SM
MD
LG