Достапни линкови

Германските власти обвинија припадник на авганистанските Талибанци


Илустрација: Припадник на германската полиција.

Германските обвинители поднесоа обвиненија за тероризам и убиство против осомничен припадник на авганистанските Талибанци, обвинет за учество во убиство на авганистански полицаец. Сојузните обвинители денеска соопштија дека обвинението против Авганистанецот идентификуван како 20-годишен Оман Н. во Судот во Минхен.

Тој е обвинет за членство во терористичка организација, воени злосторства и кршење на законите за контрола на воено оружје. Обвинителите велат дека тој им се приклучил на Талибанците на почетокот на 2013 година кога бил обучуван и барам еднаш помагал во транспорт на оружје за исламистичката милитантна група.

Осомничениот во мај 2013 година пристигнал во Германија, а беше уапсен во мај минатата година.

XS
SM
MD
LG