Достапни линкови

Конструктивни средби на претставниците на партиите со Столтенберг


Обраќање на Столтенберг на 31.седница на Собранието на РМ.

Претставниците на ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја оценија како коструктивна и содржајна, а тој им порачал дека вратите на НАТО за Македонија се отворени ако се реши проблемот со името, но потенцирал дека Македонија е таа која треба да ги донесе одлуките.

Македонија треба да најде решение за спорот со Грција околу името, му пренел Столтенберг на Ахмети, но рекол дека на двете страни останува како ќе дојдат до решение. Координаторот на СДСМ Томислав Тунтев изјави дека разговорите, обраќањето и пораките што ги истратил Столтенберг се поттик за натамошни реформи за работа на унапредување на добрососедски односи и регионална соработка.

Средба со Столтенберг имаше и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Кристијан Мицкоски, која координаторот на пратеничката група Влатко Ѓорчев ја оцени како конструктивна и плодотворна. Тој истакна дека Столтенберг изразил заинтересираност околу прашањето за решавањето на спорот за името како услов за членство на Македонија во НАТО. Ѓорчев потенцира дека Столтенберг посочил дека одлуките за решението треба да ги донесе Македонија и таа треба да каже што е прифатливо, а што не.

Од ВМРО-ДПМНЕ го информирале дека партијата останува посветена на стратешката определба на Македонија за членство во НАТО и го потсетиле дека оваа партија е првата која јавно се залагала Македонија да стане дел од Алијансата.

XS
SM
MD
LG