Достапни линкови

Димитров очекува позитивен исход од претстојниот Самит на НАТО


Средба на министерот за надворешни работи Димитров со генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека очекува позитивен исход од претстојниот Самит на НАТО во јули оваа година и изрази благодарност за континуираната поддршка за евро-атланската интеграција на Република Македонија, соопшти македонското МНР.

Димитров нагласи дека посетата на Столтенберг е од круцијално значење за Република Македонија и претставува силно охрабрување за напорите 2018 година да биде историска година за земјата и за регионот.

Во соопштението се додава дека Димитров информирал за проактивниот дипломатски ангажман на Република Македонија за реализирање на надворешно-политичките приоритети - добивање покана за членство во НАТО и датум за почеток на преговорите со ЕУ, а исто така ја потврдил и одлучноста и политичката волја на Владата за навремено и ефикасно реализирање на реформските процеси и унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.

XS
SM
MD
LG