Достапни линкови

Убиен Палестинец во израелска рација на Западниот Брег


Архива: поглед на израелска населба во Западниот Брег.

Израелските сили во потрага по убијците на еден рабин извршија рација во дом на Западниот Брег, убивајќи Палестинец по кого се трагало, а во престрелката биле повредени двајца припадници на безбедносните израелски сили. Во денешната рација припадниците на војската и полиција беа во потрага по осомничениот кој во возење пукал и го убил рабинот во израелска населба во Западниот Брег.

Портпаролот на полицијата Мики Розенфелд изјави дека мажот по кого се трагало бил убиен, а друг бил уапсен во рацијата во градот Џенин во Западниот Брег. Израелските медиуми убиениот осомничен го идентификуваа како Ахмед Џарар, велејќи дека тој бил член на исламската милитантна група Хамас. Роднините на Џарар велат дека израелските сили користеле булдожери за да срушат три домови кои му припаѓале на поширокото семејство и го оштетиле нивното четврто живеалиште.

XS
SM
MD
LG