Достапни линкови

Шекеринска-Столтенберг: Македонија има капацитет за реформи


Скопје: Министерката за одбрана Шекеринска и генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

На денешната средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг беше истакнато дека Македонија покажала дека има капацитет да спроведе реформи во духот на вредностите на НАТО, да се фокусира на демократските процеси, реформите во одбраната, да ги унапреди добрососедските односи и да стане фактор на стабилност во регионот, соопшти Министерството за одбрана.

Исто така било истакнато дека со доследно спроведување на реформите, местото на Македонија е во НАТО, а на средбата Шекеринска посочила дека во Македонија меѓу граѓаните и на политичката сцена има недвосмислен консензус дека државата треба да биде полноправен член на НАТО и Европската Унија.

Шекеринска го информирала Столтенберг за зголемувањето на буџетот во одбраната и за одлуката за зголемување на македонскиот контингент во мисијата во Авганистан.

„Исполнувањето на нашата стратешка цел Македонија да стане 30. членка на НАТО е од големо значење, не само за нашата земја туку и за мир и стабилност на Балканот“, рече Шекеринска на средбата.

XS
SM
MD
LG