Достапни линкови

Одложено судењето за предметот на СЈО „Труст“


Основен суд Скопје 1

Судењето за предметот „Труст“ на СЈО е одложено поради влошената здравствена состојба на второобвинетиот Василије Авировиќ, а ново рочиште во Кривичниот суд за предметот е закажано за 23 јануари.

Првоосомничен во предметот „Труст“ е бизнисменот Сеад Кочан кој денеска дојде во судот и уште две физички и три правни лица, меѓу кои управителите на фирмите „Транспемт“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ за учество во тендер на Електрани Македонија.

Според обвинението на СЈО осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

XS
SM
MD
LG