Достапни линкови

Столтенберг ги почна средбите со македонскиот државен врв


NATO Secretary General Jens Stoltenberg

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се сретна со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, со што ги почна средбите со државниот врв на земјата. Столтенберг вчера пристигна во официјална посета на Скопје, а по разговорите со Димитров ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Првиот човек на НАТО попладне ќе им се обрати на пратениците во Собранието, каде ќе има средби со претседателот на Парламентот Талат Џафери, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Официјалните активности Столтенберг ќе ги заврши со средба со премиерот Зоран Заев во Владата, каде ќе биде пречекан со највисоки почести, а по средбата е предвидена заедничка прес-конференција.

XS
SM
MD
LG