Достапни линкови

Руското МНР загрижено за забелешките на албанскиот премиер Рама за Законот за јазиците


„Коментарите на албанскиот премиер Еди Рамa во врска со легислативата за употреба на јазиците што е усвена во македонскиот парламент создава ризик од нови меѓуетнички судири на Балканот“, оценува руското Министерство за надворешни работи во изјава објавена на својата веб-страница во средата. Притоа се додава дека ваквата реториката на Рама ја потврдува неговата намера да ја промовира, како што се наведува, отфрлената „Тиранска платформа“. Руските новински агенции ТАСС и Интерфакс ја пренесуваат оценката на Министерството во кое вели дека имплементацијата на одредбите на овој документ би создале „ризик од ерозија на уставните столбови на македонската државност и Охридскиот рамковен договор, и, како резултат на тоа нови меѓуетнички нарушувања на Балканот. Сето тоа е поврзано со ширењето на Голема Албанија“.

XS
SM
MD
LG