Достапни линкови

Јункер: Западен Балкан заслужува вистинска европска перспектива


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави пред Европскиот парламент дека земјите од Западен Балкан заслужуваат вистинска европска перспектива.

„Целта мора да биде јасно поставена. Целта е влез на Западен Балкан во ЕУ и тоа ќе се постигне кога ќе бидат исполнети условите,“ рече Јункер во Стразбур.

Тој најави дека ќе патува во Западен Балкан во февруари и март и потенцира дека приклучувањето кон ЕУ не паѓа од небо, туку на тоа мора да се работи. Според него, сите гранични конфликти меѓу земјите од Западен Балкан мора да бидат решени пред нивниот влез во ЕУ, а вториот услов е владеењето на правото.

XS
SM
MD
LG