Достапни линкови

Функционери положија цвеќе пред споменикот на Скендербег


Илустрадија: Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и други министри, пратеници и функционери од партијата денеска положија цвеќе пред споменикот на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег по повод 550 годишнината од неговата смрт. Ахмети изјави дека Скендербег е национален херој на Албанците и на сите народи кои го сакаат мирот на Балканот.

„Скендербег е најсимболичната фигура на Албанците и на другите народи на Балканот и инспирација за сите потиснати народи. Тој останува централна личност за сите народи на Балканот кои го сакаат мирот. Денеска достоинствено можам да кажам дека и Охридскиот договор е во духот на Скендербег“, рече Ахмети.

Претходно свечена академија посветена на 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег се одржа во Собранието на која се обратија претседателот на Собранието Талат Џафери, директорот на Институтот на духовното и културното наследство на Албанците Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја Драги Ѓеорѓиев и проф. Владо Поповски, историчар и член на Одборот за одбележување на годишнината.

XS
SM
MD
LG