Достапни линкови

Владата изрази жалење за убиството на Ивановиќ


Архива: Влада на Република Македонија.

Владата на Република Македонија изразува длабоко жалење за бруталното убиство на еден од политичките лидери на Србите на Косово, соопшти денеска владината прес-служба.

„Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се откријат организаторите и извршителите на ова брутално убиство“, наведуваат од Владата.

Оттаму изразуваат и надеж дека политичките елити и граѓаните на Косово и Србија ќе продолжат со процесите на унапредување на меѓусебните односи.

XS
SM
MD
LG