Достапни линкови

СОНК протестира, Наставничкиот пленум ги бојкотира


Предупредувачки протест на СОНК
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Предупредувачки протест на СОНК

Синдикатот за образование, наука и култура и Иницијативата за формирање Синдикат на Наставничкиот пленум стојат на истите барања, но меѓусебно се обвинуваат дека немаат легитимитет да ги застапуваат интересите на вработените во образованието.

Конфедерацијата на слободни синдикати, каде што е член Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК), протестира, Иницијативата за формирање синдикат на Наставничкиот пленум бојкотира.

Двете групи стојат на истите барања, но меѓусебно се обвинуваат дека немаат легитимитет да ги застапуваат барањата на наставниците.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00
Директен линк

Синдикатот за образование, наука и култура бара социјален дијалог, покачување на платите, исплата на К-15 и во јавниот сектор, целосно почитување на колективните договори и учество на репрезентативните синдикати при креирање на буџетот кога се работи за платите во јавниот сектор.

Иницијативата за формирање Синдикат на Наставничкиот пленум вели дека барањата на СОНК се легитимни, но оти раководството на Синдикатот нема легитимитет да ги застапува наставниците зашто досега ја изиграло нивната доверба. Во соопштението до јавноста, Иницијативата вели дека раководството на СОНК ги направило наставниците „инструмент во рацете на политичката партија која им се раздолжуваше сместувајќи ги во разни управни и надзорни одбори“.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека не е точно дека синдикатот 10 години молчел и потсетува на сите претходни штрајкови и барања со кои е издејствувано покачување на платите. Вели дека има малубројна група незадоволници кои само критикуваат и ништо не работат и оценува дека соопштението на „малубројниот“ Наставнички пленум е клеветничко.

„Пред судските органи ќе треба да докажат кој тоа од СОНК ги манипулирал членовите на сметка на тоа што бил назначен во управни и надзорни одбори и кој тоа од раководството на СОНК и на каков начин земал пари од тогашната владејачка партија“, вели Неделков.

Илчо Ацевски од Иницијативата за Синдикат на Наставничкиот пленум, пак, вели дека од 2015 година, кога СОНК го прекинал штрајкот без консултација со членовите, веќе немаат доверба во нив.

„Мислиме дека раководството на СОНК се поврза со претходната владејачка гарнитура, а сега и се додворува на новата владејачка гарнитура, по промената на власта, но никако нема застанато во одбрана на правата на работниците во образованието“, вели Ацевски.

Раководството на СОНК, пак, вели дека ако нивните барања не бидат исполнети и по денешниот предупредувачки протест, ќе следуваат и порадикални чекори, меѓу кои е можен и штрајк.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG