Достапни линкови

Аманатидис: Над 140 земји ја нарекуваат земјата Република Македонија


Архива: Знамиња на Грција, Македонија и Европска унија.

Повеќе од 140 земји веќе ја нарекуваат земјата Република Македонија, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јанис Аманатидис коментирајќи ја изјавата на медијаторот Метју Нимиц дека во предлогот за решавањето на спорот за името ќе биде содржан терминот Македонија, напоменувајќи оти привремената референца веќе го содржи тој термин.

Тој за грчките медиуми наведе дека целта на Атина е сложено име за севкупна употреба кое ќе се корист во Македонија и надвор од неа и, како што рече, елиминирање на иредентизмот од страна на Скопје.

Аманатидис во изјавата не спомена географска одредница и додаде дека постојат други параметри кои ќе го одредат текот на преговорите и ќе ја разјаснат грчката дипломатија.

XS
SM
MD
LG