Достапни линкови

Нимиц: Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во името


Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц дава изјава за медиумите во Скопје

„Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во предлог решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот“, изјави за грчката ТВ Антена медијаторот на ОН Метју Нимиц пред денешната нова рунда разговори во Њујорк со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. Притоа Нимиц посочи дека името со кое земјата е заведена во ОН е „поранешна југословенска република Македонија“, односно терминот Македонија е дел од името, а и Грција ја има признаено со тоа име. Нимиц истакна дека нема волшебно решение за името, дека спорот трае предолго и оти натамошното одолговлекување би го направило проблемот уште потежок за решавање, пренесува МИА.

XS
SM
MD
LG