Достапни линкови

Во Германија истраги против 10 осомничени ирански шпиони


Полицијата апси ирански шпиони.2012 година.

Државното обвинителство во Германија обајви дека полицијата спроведе серија претреси низ целата земја во врска со истрагите за 10 осомничени ирански шпиони. Сепак, официјални лица изјавија дека немало апсења како резултат на рациите на 16 јануари. Портпаролот на сојузниот обвинител, Стефан Биел, рече дека рациите биле поттикнати од информациите добиени од германската домашна разузнавачка служба - Канцеларијата за заштита на Уставот (БФВ) Биел изјави дека се смета дека осомничените "шпионирале во име на ентитет поврзан со Иран". Германскиот неделен магазин Фокус објави дека осомничените се сметало дека вршат "активности на тајната служба", шпионирајќи ги израелските граѓани во Германија. Според Фокус, рациите биле извршени во зградите во Берлин, како и во државите Баден-Вуртемберг, Северна Рајна-Вестфалија , и Баварија. Обвинителите одбија да коментираат за извештаите дека осомничените биле членови на ирачките сили Кудс, специјална единица на Исламската револуционерна гарда одговорна за спроведување тајни операции надвор од Иран. Во 2007 година, Министерството за финансии на САД ги назначи Силите Кудс како поддржувачи на тероризмот.

XS
SM
MD
LG