Достапни линкови

Вучиќ најави посета на Косово


Архива: Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека наскоро ќе отпатува во Косово каде ќе има средба со српската заедница, по убиството на лидерот на иницијативата „Слобода, демократија, правда“ (СПД), Оливер Ивановиќ. Тој рече дека сака да разговара со народот и затоа што може да се направи, иако како што истакна „немаме ефективна власт.“

Тој исто така ја повика српската заедница во Косово да го сочува мирот и сталоженоста и порача дека убиецот ќе биде пронајден и казнет.

„Разговарав со претседателот на Српска листа Горан Ракиќ и атмосферата е многу тешка и лоша и мојата порака е да се сочува мирот и сталоженоста, а убијците ќе ги пронајдеме, доколку тоа не го направат оние што треба да го направатт“, изјави Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност.

XS
SM
MD
LG