Достапни линкови

Могерини телефонски разговараше со Вучиќ и со Тачи


Архива: Федерика Могерини.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини телефонски разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот претседател Хашим Тачи за настанатата ситуација по денешното убиство на лидерот на косовските иницијативата „Слобода, демократија, правда“ (СПД), Оливер Ивановиќ.

Могерини остро го осудила убиството на Ивановиќ и изразила сочувство на семејството и пријателите. Таа ја истакнала важноста релевантните институции за владеењето на правото на Косово да ги пронајдат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.

Таа истакнала дека ЕУЛЕКС ќе ги поддржи косовските власти согласно нивниот мандат и ги повика сите страни да покажат смиреност и воздржаност за да го овозможат правосудството да се занимава со прашањето.

Српската делегација во Брисел поради убиството денеска ги прекина преговорите во рамките на дијалогот со Приштина, и итно се враќа во Белград.

XS
SM
MD
LG