Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ: Обвинителството не презема дејствија против притворените


Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Додека десетина патриоти се наоѓаат во притвор како резултат на монтиран прогон, власта од затвор ослободува осудени криминалци, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешно соопштение. Оттаму велат дека јавното обвинителство втор месец не презема никакви дејствија во истрагата за, како што велат, монтираниот случај за тероризам и дека не се повикуваат сведоци на сослушување, ниту се сослушуваат притворените.

„Антидржавната Влада на СДСМ вчера во Собранието на Република Македонија го изгласа законот за амнестија кој е уште една од низата на катастрофални политики и потврдува дека за Заев е поважно да ги подмири долговите од предизборната коалиција со криминалот, отколку на граѓаните да им гарантира безбедност преку санкционирање на непочитувањето на законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG