Достапни линкови

Демократијата во светот се „повлекува“


Демократијата е под напади и се повлекува во светот, а Соединетите држави се откажаа од нивната традиционална улога како шампион на демократските идеали, додека Русија и Кина ја зголемуваат репресијата дома и го извезуваат нивното малигно влијание во странство. Ова се наведува во најновиот извештај на невладината организација Фридом хаус „Слободата во светот 2018“ објавен денеска. „Демократијата се соочува со најсериозната криза во изминативе декади“, вели претседателот на Фридом хаус Мајкл Абрамовиц, додавајќи дека на удар се гаранциите за слободни и фер избори, правата на малцинствата, слободата на печатот и владеењето на правото.

XS
SM
MD
LG