Достапни линкови

Романскиот премиер поднесе оставка


Романскиот премиер Михаи Тудосе

Романскиот премиер Михаи Тудосе поднесе оставка откако неговата владејачка Социјалдемократска партија не го поддржа за време на гласањето. Со тоа тој стана втор премиер на Романија за помалку од седум месеци кого партијата го смени од власт. Романската владејачка Социјалдемокартска партија денеска одржа состанок за да разгледа дали ќе продолжи да го поддржува премиерот Михаи Тудосе, кој има несогласувања со лидерот на таа партија Ливиу Драгнеа, кој, пак, не може да биде премиер бидејќи е осуден за фалсификување избори.

XS
SM
MD
LG