Достапни линкови

Турција ја претстави трасата за каналот што ќе оди паралелно со Босфор


Владата на Турција денеска ја претстави планираната рута на новиот канал кој ќе ги поврзува Црно и Мраморно Море, и ќе помогне да се намали метежот низ Босфор.

Каналот ќе се копа на европската страна на метрополата Истанбул и се очекува да чини 14 милијарди евра. Министерот за транспорт и комуникации Ахмет Арслан изјави дека каналот ќе биде долг 45 километри, и ќе го поврзе езерото Кучукчекмеџе со градот Дурусу, во близина на езерото Дуругол.

“Целта на проектот е да се намали опасноста за бродскот превоз на товар низ Босфорот. Проектот воедно ќе доведе до урбана трансформација на ова подрачје, и ќе го направи Истанбул поатрактивен како светска метропола,” изјави министерот Арслан.

Изградбата треба да почне во текот на оваа година.


XS
SM
MD
LG