Достапни линкови

Во Тунис уапсени уште 41 демонстрант


Полицијата во Тунис уапси уште 41 демонстрант за време на новите насилни протести против мерките за штедење во оваа северноафричка земја, со што бројот на на уапсените се зголеми на 850, соопштија од министерството за внатрешни работи. Протестите кои почнаа пред седум дена, повторно се интензивираа вчера, поради најавените зголемувања на даноците кои Владата ги најави за да го намали дефицитот во државниот буџет. Извори на Ројтерс информираат дека младите фрлале камења врз полициските автомобили и палеле гуми, по што полицијата ги растерала со солзавец. На протестите денеска е мирно, а портпаролот на МВР Хелиф Чибани изјави дека протестите се ограничени на одредени подрачја.

XS
SM
MD
LG