Достапни линкови

Бројот на туристи во светот се зголемил за седум отсто


Бројот на туристи во светот пораснал за седум отсто во 2017 година, што е најсилниот раст во последните седум години, соопшти денеска Светската туристичка организација. Таа наведува дека се очекува овој тренд да продолжи и во 2018 година, за кога се предвидува раст од четири до пет отсто, пренесува Франс прес. Растот е поттикнат од Европа во која е забележано зголемување на туристичките доаѓања до осум проценти во скандинавските земји, се наведува во соопштението. Зголемениот број туристи на светско ниво го одразува економското закрепнување и зголемената побарувачка на пазарите на земјите во развој. Од 2010 година, годишното темпо на раст на бројот на туристи се движел околу 4 отсто. Бројот на меѓународни посетители во 2017 година достигнал до 1, 3 милијарди лица, се наведува во годишниот извештај. Сите показатели укажуваат на тоа дека Франција останува и понатаму главна светска туристичка дестинација за туризам.

XS
SM
MD
LG