Достапни линкови

Бугарија ја поздрави ратификацијата на договорот за добрососедство


Бугарското Министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката на македонското Собрание да го ратификува Договорот за добрососедство меѓу двете земји. Оттаму велат дека со овој акт се потврдува волјата за градење добрососедски односи кои се важен елемент за европската перспектива на секоја држава на Западен Балкан, наведувајќи оти Република Бугарија ќе продолжи да биде активна во поддршката ма европската интеграција на Република Македонија.

„Тоа е стратешки извор на нашата држава кој е дел од приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ“, се вели во соопштението од бугарското МНР.

XS
SM
MD
LG