Достапни линкови

Шекеринска: Столтенберг треба да слушне што сме сработиле


Minister of defense Radmila Shekerinska with macedonian army unit "Wolves"

Посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија Јенс Столтенберг е порака сама по себе и тоа значи дека во изминатите шест месеци успеавме Македонија да ја вртиме на евроатлантската патека и успеавме да ги неутрализираме сите оние лоши вести кои во континуитет во изминатите години доаѓаа во земјата, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Според неа главната цел на посетата на Столтенберг е да слушне сто земјата сработила и кои се нашите планови.

„Во делот на одбраната има со што да се пофалиме, со податоци за зголемен буџет во одбраната, со веќе зголемено учество во мисијата на НАТО во Авганистан и со нови политики на транспарентност и интегритет кои покажуваат дека Македонија за да биде вистински член на НАТО прво треба да си обезбеди интегритет, транспаретност и одговорност во своето функционирање, рече Шекеринска.

XS
SM
MD
LG