Достапни линкови

Собранието го усвои Законот за амнестија


Архива: Собранието на Република Македонија.

Собранието на денешната 30 седница меѓу другото го усвои и Законот за амнестија со кој се предвидува околу 670 луѓе целосно да бидат ослободени од издржување на затворската казна, а над три илјади да добијат намалување на казната за 30 проценти.

Со овој закон не се опфатени осудени за убиство, кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување или проституција, дела против државата, злосторничко здружување и кривични дела против човештвото и меѓународното право. Амнестијата не се однесува и на лицата кои кривичните дела ги сториле после 20 септември минатата година.

Министерството за правда при подготвувањето на Законот ги имало предвид условите во казнено-поправните установи како институции кои треба да овозможат и обезбедат успешна ресоцијализација на осуденичката популација. Во работата на Парламентот не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во Република Македонија од осамостојувањето донесени се повеќе закони за амнестијата во 1991, 1999, 2002 и во 2003 година (ревидиран во 2004 година).

XS
SM
MD
LG