Достапни линкови

Пријавени престрелки меѓу силите на Индија и Пакистан во Кашмир


Архива: индиски трупу во регионот Кашмир.

Пакистанската војска соопшти дека четири пакистански војници и тојца индиски биле убиени во престрелка во спорниот регион Кашмир. Индија денеска негираше дека имало жртви меѓу нејзините војници, но оти тие убиле петмина милитанти кои се обиделе да ја преминат контролната линија во одделен инцидент во Ури, 100 километри северозападно од главниот град Синагар.

Прекршувањата на прекинот на огнот се чести и покрај договорот од ноември минатата година дека примирјето од 2003 година треба да заживее за да се заштита невини животи.

Индија често го обвинува Пакистан за праќање војници низ контролната линија за да спроведува напади врз нејзините војници во Кашмир, кој беше поделен меѓу двете нуклеарни земји во 1947 година. Индија има околу 500 илјади трупи на територијата на Химелаите, за која и двете земји тврдат дека е нивна.

XS
SM
MD
LG