Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Судот е најодговорен за продлабочување на кризата


Архива: Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава и во креирањето на недемократска атмосфера на страв, во која Заев ќе може без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека доколку судиите имале интегритет, совест и свест, како што велат, ќе ги ослободеле неправедно приведените лица за настаните од 27 април. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека судот е најдиректен и најодговорен учесник во се поголемиот раздор и продлабочување на кризата која е поттикната од катастрофалните политики на секое поле од страна на владата на СДСМ.

XS
SM
MD
LG