Достапни линкови

Повеќе од 80 држави засегнати од млекото за бебиња со салмонела


Повеќе од 80 држави се погодени од скандалот со салмонела во француско млеко за бебиња. Производот е повлечен од минатиот месец, кога бактеријата беше пронајдена во фабрика на Лакталис во северозападна Франција. Францускиот неделник Ла журнал де диманш објави дека кај 35 бебиња во Франција била најдена салмонела, како и кај едно во Шпанија и веројатно едно во Грција.

Минатата недела, францускиот министер за економија Бруно Ле Маир изјави дека од маркетите се повлекуваат сите производи од фабриката, меѓу кои и брендовите Пико, Милумел и Таранис.

Салмонелата предизвикува дијареа, стомачни грчеви, повраќање и дехидрација. Може да биде опасна по живот, особено кај мали деца.

Лакталис е еден од најголемите светски производители на млечни производи.

XS
SM
MD
LG