Достапни линкови

Се урна плафонот во ноќен клуб во Мадрид, 26 повредени


Илустрација.

Најмалку 26 луѓе се повредени синоќа кога се урнал плафонот во еден ноќен клуб во Мадрид, соопштија шпански претставници. Брзата помош соопшти дека 11 луѓе со полесни повреди се пренесени во блиската болница, додека на останатите им е пружена лекарска помош на лице место.

Дупката од 16 метри квадратни во плафонот се отворила во ноќниот клуб во јужниот дел на Мадрид.

Новинската агенција Асошиејтед прес претходно објави дека се отворила дупка во подот, но подоцна информацијата беше исправена.

Сличен инцидент се случи во ноември во ноќен клуб на шпанскиот остров Тенерифе, кога 22 луѓе пропаднаа во подрум низ дупката што се отвори во подот.

XS
SM
MD
LG