Достапни линкови

За викендите повторно експресен воз Гевгелија-Солун


Повторно е воспоставен патничкиот железнички сообраќај помеѓу Македонија и Грција, кој беше во прекин, но само за викендите.

Во работните денови, од понеделник до петок, експресните возови од Гевгелија кон Солун и обратно нема да сообраќаат, туку начинот на превоз на патниците ќе се одвива како и досега со автобуски превоз.

Како што стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи, повторниот патнички железнички сообраќај со Грција за викендите е на неопределено време.

XS
SM
MD
LG