Достапни линкови

Важни закони пред пратениците, а ќе им се обрати и Столтенберг


Пратениците во Собрание во неделата што претстои ќе одлучуваат за особено важни прашања, а обраќање пред пратениците ќе има и генералниот секретар на НАТО Јанс Столнтенберг. Генералниот секретар ќе се обрати пред пратениците во четврток напладне. Се уште е неизвесно дали пратениците од владејачкото мнозинство сами ќе одлучуваат поради неучеството во работата на пратениците од опозицијата.

Се очекува неделава исто така претседателот Ѓорге Иванов да се изјасни дали ќе го потпише указот за Законот за употребата на јазиците и доколку не го стори тоа да го врати законот во Собранието.

За утре во Собранието е закажана 30-тата собраниска седница, а закажани се и комисиски расправи.

Освен Договорот со Бугарија на оваа седница на дневен ред се и реформските закони за следење на комуникациите, во прво читање, измените на законите за администрација, во второ читање, законот за амнестија и други, вкупно 37. точки на дневниот ред.

Датумот на носењето на Договорот со Бугарија во македонскиот Парламент се поклопува со презентацијата на Програмата и приоритети за работа на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јануари - јуни 2018 година од страна на бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Великов Петков.

XS
SM
MD
LG