Достапни линкови

Продолжува дијалогот Белград-Приштина по пауза од една година


Претседателите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

По 13-месечна пауза и опструкции, техничките преговори меѓу Белград и Приштина ќе продолжат во вторник во Брисел.

Според извори во српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, состанокот ќе трае три дена, а теми на разговорите ќе бидат спроведувањето на постигнатите договори, формирањето на Заедницата на српски општини, слободата на движењето и правосудството.

Продолжување на бриселскиот дијалог на техничко ниво на 16 јануари го потврди и новиот шеф на приштинската преговарачка делегација Авни Арифи.

Според Арифи, дијалогот со Белград ќе го води косовскиот претседател Хашим Тачи, додека косовската Влада ќе има поголема улога во спроведувањето на постигнатите договори.

Српската делегација на разговорите ќе ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метотија, Марко Ѓуриќ.

По заминувањето на Едита Тахири, властите во Приштина не именува нов преговарач се до вчера, кога косовската Влада го назначи Арифи за шеф на делегацијата во дијалогот со Белград на техничко ниво.

Од Софија во Белград синоќа ненајавено пристигна еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој имаше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според соопштението од Канцеларијата на српскиот претседател, на средбата се разговарало за европскиот пат на Србија и предностите од бугарското и австриското претседавање со ЕУ.

Хан пак на својот налог на Твитер објави дека му порачал на Вучиќ дека за евроинтеграциите на Србија од пресудно значење се реформите на полето на владеењето на правото и дијалогот со Косово.

XS
SM
MD
LG