Достапни линкови

Русија распореди уште една дивизија со С-400 во Крим


Руски антиракетен систем во Федосија.

Русија распореди воена дивизија опремена со ракетен систем за воздушна одбрана C-400 во анектираниот Крим. Ова е втора дивизија со опрема С-400 што ја распоредува Москва во Крим. Првата беше распоредена на почетокот на 2017 во пристанишниот град Федосија. Системот С-400 е способен да погоди воздушни цели и до 400 километри и балистички проектили до 60 километри оддалеченост.

Русија го анектираше украинскиот регион во март 2014 година, поттикнувајќи ги САД, Европската унија и други да воведат економски санкции против Москва.

XS
SM
MD
LG