Достапни линкови

Јункер – Без јасна европска перспектива Западниот Балкан може да се врати во 90-тите


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Софија

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер предупреди на опасноста дека без јасна европска перспектива може да дојде до сериозно заострување на состојбите на Западниот Балкан.

„Постои опасност во овој многу комплициран регион во Европа да може да се случат настани кои би ги вратиле работите во раните 90-ти години од минатиот век. Секако, ние не сакаме тоа да се повтори“, рече Јункер во Софија на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Јункер учествува на церемонијата на која Бугарија го презема претседавањето со ЕУ. Бугарија веќе потврди дека Западниот Балкан е меѓу најважните приоритети за време на нејзиното претседавање со Унијата.

XS
SM
MD
LG