Достапни линкови

Трамп негира дека користел навредливи изрази за африканските земји и за Хаити


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска негира дека користел навредливи изрази за африканските и латиноамериканските држави. Претходно, ОН остро ја осудија и ја нарекоа „расистичка“ наводната изјава на Трамп, кој африканските земји и Хаити ги нарекол „дупки“. Портпаролот на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Руперт Колвил, изјави дека му е жал, но дека за таквиот говор не постои друг збор, отколку расистички.

Демократскиот конгресмен од Мериленд, Стенли Хојер, рече дека изјавата е „срамна и расистичка“.

Републиканката Миа Лав од Јута, која е ќерка на имигранти од Хаити, изјави дека забелешката на претседателот е „неприфатлива“ и го повика да се извини.

XS
SM
MD
LG