Достапни линкови

Марио Сентено – нов шеф на еврозоната


Досегашниот претседател на еврозоната, Холанѓанинот Јерун Дајселблум со симболично ѕвонење му ја предаде должноста на Марио Сентено на церемонија во Париз

Новиот шеф на еврозоната, Португалецот Марио Сентено денеска изјави дека се надева оти во неговиот мандат 19-те земји кои го користат еврото поцврсто ќе се поврзат, што ќе ги направи поотпорни на кризи.

Досегашниот претседател, Холанѓанинот Јерун Дајселблум со симболично ѕвонење му ја предаде должноста на Сентено на церемонија во Париз.

Сентено ја презема еврозоната во период кога таа е во подобра состојба. Економијата на земјите расте, додека се намалуваат стравувањата за иднината на Грција во таа група.

XS
SM
MD
LG