Достапни линкови

Хан: ЕУ треба да најде нови форми за партнерство со Анкара


Архива: Еврокомесарот Јоханес Хан.

Европската унија треба да побара нови форми за стратешко партнерство со Анкара, изјави еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан во интервју за агенцијата ДПА. Тој исто така го поддржа ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека ЕУ треба да ги преиспита односите со Турција.

Изминативе години една од главните сфери на соработка меѓу ЕУ и Турција беше справувањето со миграцијата, за што двете страни склучија договор во март 2016 година со којшто беше запрен приливот на мигранти и бегалци кон Европа во замена за финансиска помош од Брисел за Анкара.

Турција досега неколкупати наведуваше дека ЕУ не ги исполнила своите ветувања, но еврокомесарот Хан рече дека Унијата целосно исплатила договорените три милијарди евра.

XS
SM
MD
LG