Достапни линкови

Обвинителството отвори истрага за работата на Дрисла


Архива: Вонреден надзор од страна Државниот инспекторат за животна средина во Депонијата Дрисла.

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас отворило предмет за кривично дело Загадување на животната средина и природата од Член 218 од Кривичниот законик во врска со работата на депонијата Дрисла.

Јавното обвинителство испратило барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање на потребните податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола, дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации, стои во соопштението од Скопско ОЈО.

XS
SM
MD
LG