Достапни линкови

ЕУ: Косово да се откаже од укинувањето на Специјалниот суд


Архива: Знамиња на ЕУ и Косово.

Европската унија денеска ги повика косовските пратеници да се откажат од иницијативата за отповикување на одлуката за формирање на Специјален суд за воени злосторства на ОВК. Канцеларијата на ЕУ во Косово соопшти дека е „исклучително загрижена“ поради иницијативата на 43 косовски пратеници за укинување на Законот за Специјализирани совети и Канцеларија на специјален обвинител. ЕУ ги повика да се откажат од таквиот план.

Специјалниот суд во Косово е основан во 2015 година со одлука на косовскиот Парламент, а иницијативата за укинување на законот ја поддржаа партиите во актуелната владејачка коалиција.

XS
SM
MD
LG