Достапни линкови

Ердоган со закана до САД ако не го предадат Ѓулен


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Ако Вашингтон не ѝ го предаде на Турција исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за обидот за пуч од јули 2016 година, турските власти нема да екстрадираат ниту еден терорист кој е баран од САД, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој нагласи дека Турција досега на САД им предадала 12 терористи, но од Вашингтон не го добила она што го бара. Анкара го обвини Ѓулен за неуспешниот воен удар и неколку пати побара од Вашингтон, каде што тој живее, да биде екстрадиран за да му се суди во Турција. На овие барања, американските претставници одговорија дека турскиот суд треба да достави доволно докази за екстрадиција на проповедникот, кој негира дека имал какво било учество во превратот.



XS
SM
MD
LG